Saliha Özdemir
07 мај 2016•Ажурирај: 09 мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Дивата на Балканската музика, Есма Реџепова, се сретна со љубителите на музиката во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA)
Концертот на "Кралицата на ромската музика", се одржа во Центарот за опера и уметност Лејла Генџер, на кој настапија пеачот Ибуш Ибраимовски, хармоникашот Симеон Атанасов, Сафет Демиров на тапан, Александар Стаменковски на гитара и Никола Митровиќ на електронична гитара.
Македонската и ромската кантавторка Есма Реџепова ги изведе познатите песни како што се "Џелем, џелем", "Чаје шукарије", и "Зајди, зајди"
Реџепова на пригоден начин се сети на загинатите во војните ширум светот.
Концертот на пејачката која во текот на својата музичка кариера, меѓу останатото, сними 108 песни и објави 20 албуми, со својот настап синоќа предизвика воодушевување на публиката во Истанбул која своето задоволство го изрази со громогласен аплауз.