Furkan Abdula
11 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) – Во заедничка организација на Институтот „Јунус Емре" во Скопје и Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ), како и со поддршка на Министерството за култура и туризам на Турција, синоќа во Дом на АРМ во Скопје се одржа монодрамата „Јунус кажал еден збор што не наликува на ниту еден друг збор“, на кој настапи турскиот актер Киванч Налча, јавува Anadolu Agency (AA).
На овој културен настан на кој присуствуваа претставници на институции и здруженија во земјата, бројни граѓани како и други поканети гости, актерот Налча со својот настап раскажуваше за турскиот поет Јунус Емре.

Налча во изјава за медиумите истакна дека со претставата „Јунус кажал еден збор што не наликува на ниту еден друг збор“ од 2014 година настапувал во повеќе градови во Турција и Европа.
Тој нагласи дека се обидуваат да ги претстават пред публиката зборовите и идеите на турскиот поет Јунус Емре.
„Во таа смисла сме многу среќни. Бидејќи со поддршка на Министерството за култура и туризам на Турција повторно ја започнавме големата турнеја во Европа. Првата станицата на оваа турнеја е Скопје. Ако прашате зошто, затоа што минатата година со поддршка на Институтот Јунус Емре ја организиравме оваа претстава во Скопје, и добивме многу позитивни реакции“, рече тој.

Директорот на Институтот Јунус Емре во Скопје, Шемсеттин Шекер, порача дека вечерашната претстава ќе отвори еден прозорец кон светот на Јунус Емре.
Шекер се осврна на животот и значењето на поетот Јунус Емре, кој живеел во 13. и 14. век, опишувајќи го како голем турски мистичар.
Исто така, Шекер за Јунус Емре рече дека ги обединува религијата и уметноста, и додаде: „Тој е еден поет со карактеристики кои го обликува светот на идеите на Турскио јазик, како и вокалната структура и структурата на зборовите“.
Од друга страна, заменик-ректорот на ИБУ, Шенер Билали, рече дека ИБУ секогаш е со Институтот „Јунус Емре", истакнувајќи дека овие две организации продолжуваат да соработуваат на заеднички проекти.
„Било од аспект на образованието, било од аспект на турскиот јазик, секогаш организираме заеднички проекти со Јунус Емре, и така ќе продолжиме и понатаму“, истакна Билали.
Истакнувајќи го своето задоволство од заинтересираноста за претставата која ја организираа заедно со Институтот „Јунус Емре" во Скопје, Билали додаде дека овој проект е важен и за турскиот свет, и за љубителите на поетот Јунус Емре.