АНТАЛИЈА (АА) - Оваа година на тема „Светски чуда и митологија” во Анталија се одржува 11. Фестивал на скулптури од песок, на кој учествуваат 20 уметници од 12 земји. Посетителите имаат можност да ги видат скулптурите на светските чуда и митолошките херои изработени од умешните раце на уметниците, за кои беа користени околу 10.000 тони песок, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на фестивалот, Џем Караџа, за АА изјави дека овогодишната тема е „Светските чуда и митологијата”. Караџа истакна дека на фестивалот учествуваат 20 уметници од 12 земји, кои за изработка на Ајфеловата кула, Таџ Махал, храмовите на Ацтеките, Кеопсовата пирамида, Колосеумот во Рим, Забранетиот град, Абу Симбел, како и ликовите од митологијата, како Один, Европа, Кумихо користеле околу 10.000 тони песок.
Повеќе од 150 скулптури се изложени на површина од околу 8.000 квардатни метри, афестивалот е отворен и во зима и во лето. Посетителите имаат можност 12 месеци да уживаат во песочните скулптури, што според директорот Караџа, претставува единствен музеј на отворено, кој може да се посетува во текот на целата година.
Караџа рече дека фестивалот своите врати за посетителите ги отвори на 1 мај.
„Бројот на посетители секоја година е сѐ поголем. Многу сме среќни и од зголемената бројка на домашни посетители. Оваа година очекуваме околу 150.000 посетители. Од големо значење се ваквиот вид на фестивали кои овозможуваат преку различни активности да се прошири туристичката сезона во текот на целата година”.
- Споменик-скулптура од песок во знак на сеќавање на 15 јули, Денот на демократијата и загинатите херои -
Директорот на фестивалот додаде дека покрај скулптурите изработени според темата на фестивалот, изработени се и две специјални скулптури. Тој потсетувајќи дека на 15 јули е преживеана една тешка ноќ, изјави: „Таа ноќ, обидот за државен удар, беше надмината со голем број жртви. Турција е земја која многу пропати поради државните удари и чија демократија носи рани од тие удари”.
Директорот истакна дека на фестивалот е обезбедено специјално место каде што преку културните уметнички дела, странските туристи кои ја посетуваат Турција, на поефикасен начин би се информирале за турското општество и за Турција, и доддаде:
„Изработивме скулптура на тема обидот за државен удар. Како симбол на обидот за државен удар изработивме тенк. Тенкот е со оригинални димензии како оној што беше користен вечерта при обидот за државен удар. На тенкот, како „симбол на отпорот на народот против обидот за државен удар”, претставена рака која го држи турското знаме. Многу се позитивни првите реакции кои ги добивме од посетителите. Скулптурата многу им се допадна на странските и на домашните туристи кои го посетија фестивалот. Со оваа скулптура сакаме да го овековечиме отпорот кој го даде народот против обидот за државен удар во Турција”.
Втората посебна скулптура на фестивалот, како што рече директорот Караџа, е бистата на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк.
„Изработивме биста на Ататурк висока 5 метри. Оваа биста привлече особено внимание кај посетителите. Посетителите на овој фестивал имаат незаборавна можност да видат најразлични скулптури од Светските чуда и митологијата, кои ги надополнивме со две дела поврзани со Турција”.
news_share_descriptionsubscription_contact


