Besar Ademi
20 Јуни 2016•Ажурирај: 21 Јуни 2016
ГЕВГЕЛИЈА (АА) - По повод Меѓународниот ден на бегалците, здружението за афирмација „НУН култура" го организираше настанот „Караван по рутата на бегалците со велосипеди“, во знак на сеќавањето на голгоата на бегалците кои во почетокот на кризата беа принудени да патуваат со велосипед и пешки на целата територија на Република Македонија, јавува Аnadolu Agency (AA).
Околу 15 активисти го започнаа Караванот на велосипеди од прифатно-транзитниот камп за бегалци „Винојуг" во Гевгелија каде што во моментов има околу 140 бегалци, упатувајќи се во правец кон автопатот Гевгелија-Скопје, преку кој бегалците со велосипеди и пешки патуваа кон северната граница на земјата.
Претседателот на Здружението „НУН Култура" Бекир Халими рече дека со овој настан имаат за цел да покажат солидарност со страдањата на бегалците за време на почетокот на бегалската криза со цел да не се повторат таквите страдања.
„Имаме искуство од раните денови кога ги сретнавме бегалците кои со велосипеди и со болни нозе патуваа по патот. Групи составени од жени, деца и постари лица, патуваа со километри изнемоштени од топлината и други проблеми", рече Халими.
Тој додаде дека транспортот на бегалците во Македонија е регулирана со текот на времето, особено со воведувањето на посебна железничка линија за бегалците, која до пред затворањето на „Балканската рута" транспортираше бегалци од јужната кон северната граница.
Законот за азил на Македонија беше изменет во јуни 2015 година, со што им се овозможи на бегалците да ги користат средствата за транспорт. Но, пред тоа, бегалците се срентуваа со во голем број различни проблеми при пристигнувањето и патувањето низ Македонија, како што се бројни случаи на грабежи и закани, а исто така, десетици од нив ги загубија животите на железничките пруги низ Македонија, поради тешките успови за патување во доцните вечерни часови и големиот замор од тешкиот и неизвесен пат.