Yusuf Hatip
25 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Во напад од страна на вооружени лица врз полицискиот центар за обука, во провинцијата Белуџистан, југозападниот дел на Пакистан, 59 загинаа, а 117 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата од полицијата, тројца напаѓачи го нападнале центарот за обука на полицијата во руралните предели на градот Куета, а во тој момент биле присутни околу 200 лица. Поголемиот дел од оние што го загубија животот биле кандидати за полицајци.
Во изјавата стои дека во нападот, кој траел околу 5 часа, напаѓачите држеле некои од полицајците под заложништво, при што 59 лица загинале, а 117 се повредени.
Досега никој не презеде одговорност за случајот, но според изјавата на генералот на пакистанската армија, Шер Афгун, голема е веројатноста овој напад да го извршила групата Лашкар-и Џангви.
Оваа група, чиј центар се наоѓа во Пенџап, и претходно има вршено напади, а особено ја има за цел заедницата Шии Хазара. Не е позната причината за нападот врз полициската академија.
Според изјавата на Министерството за внатрешни работи, напаѓачите го извршиле нападот со автомати калашников, а при активирањето на бомбите што ги имале на себе, и двајцата напаѓачи загинале.
Очевидци за локалните медиуми тврдат дека за време на настанот се слушнале најмалку три експлозии.