Ekipa
29 Јуни 2017•Ажурирај: 30 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Поротата на судот во Москва прогласи петмина мажи за виновни за убиството на рускиот опозициски лидер Борис Немцов, јавува Anadolu Agency (AA).
Борис Немцов, главниот противник на рускиот претседател Владимир Путин, во 2015 година беше убиен со огнено оружје, доцна во навечер, додека шетал преку мостот во близина на Кремљ.
Руските медиуми велат дека денес судската порота го прогласи за виновен осомничениот сторител, поранешен офицер на безбедносните сили на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, за убиството на Немцов.
Останатите четворица мажи беа прогласени за виновни за соучество во убиството.
Убиството предизвика шок во руската опозиција. Поддржувачите на Немцов ги критикуваа истражителите затоа што престанаа да ја проучуваат можната улога на високи чеченски офицери и на самиот Кадиров.