Göksel Yıldırım
11 Мај 2018•Ажурирај: 12 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за економија на Република Турција, Нихат Зејбекџи, зборувајќи за американските санкции на Техеран, денеска во Анкара изјави дека тоа е можност за Турција, и дека неговата земја ќе продолжи да тргува со Иран, истовремено почитувајќи ги сите одлуки на Обединетите нации (ОН), јавува Anadolu Agency (AA).
Зејбекџи беше гостин на денешниот уреднички деск на АА во Анкара, каде што одговораше на прашањата од новинарите и уредниците на АА од целиот свет и се осврна на тековните настани.
Зборувајќи за американските санкции против Техеран, Зејбекџи рече дека на тоа гледа како на една можност за Турција.
„Ова е можност за Турција. Ќе продолжиме да тргуваме со Иран, истовремено почитувајќи ги одлуките на Обединетите нации“, рече Зејбекџи.
Говорејќи за движењата на пазарот на пари во Турција, Зејбекџи истакна дека на Турција без никаков сомнеж ѝ е нанесена штета поради движењата на пазарот на пари, но како што порача, никој да не очекува дека тоа ќе ја „сруши“ оваа земја.
Запрашан да коментира за очекувањата на Турција за економскиот раст во наредниот период, Зејбекџи одговори: „Очекуваниот економски раст за тековната година е шест проценти, и повеќе од тоа“.