Ali Korkmaz
02 Октомври 2016•Ажурирај: 03 Октомври 2016
ИЗМИР (АА) - Претседателот на Центарот застратешки истражувања на Балканот (БАСАМ) и поранешен пратеник на АК Партија Рифат Саит рече дека приврзаниците на ФЕТО ќе бидат голем проблем за балканските земји, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не се свесни, но приврзаниците на ФЕТО ќе бидат голем проблем за балканските земји. Кај нас има една поговорка која што вика, 'Храни ја враната (ФЕТО) да ти ги извади очите' " .
Во писменото сопштение Саит потенцираше дека на 29 септември во седиштето на Светската федерација на балканските здруженија беше организиран состанок на кој се дискутирало во врска со обидот за државен удар на ФЕТО.
Повикувајќи ги балканските земји којшто ги сметаат како пријателски, итно да ги затворат училиштата на ФЕТО Саит рече дека „ балканските земји ги гледат како пријателски земји, но дека училиштата на терористичката организација ФЕТО којашто се обидува да ја распарча Република Турција се уште се активни во балканските земји. Особено се силни во Албанија.“
„Не се свесни но приврзаниците на ФЕТО ќе бидат голем проблем во Балканските земји. Кај нас има една поговорка која што вика, „Нахранете ја враната (ФЕТО) да ти ги извади очите", Ррече Саит.
Тој зборуваше и во врска со осумте пребегнати пучисти коишто во ноќта за време на обидот за државен удар на 15 јули со хеликоптер пребегнаа во градот Александрополис.
„Се претпоставува дека заедно со овие војници со хеликоптерот побегнал и уште еден странец. Кој беше овој човек? Од овој аспект овие бегства се важни. Ако сте забележале кога овие лица одат пред судот ги кријат нивните лица. Според нашите разузнавачки информаци можно е дел или сите да побегнале преку Бугарија. Ако тие се уште се во затвор веднаш треба да бидат идентификувани. Ако по некое време дојдат информаци дека пребегнале или извршиле самоубиство ќе претставува дипломатски скандал.“
Истакнувајќи дека претседателот Ердоган е лидер кој што заштити три милјони сиријци Саит рече: „Освен ова тој е историска личност и човек кој гледајќи ги во очи светските лидери на генералното собрание на Обединетите Нации може да им рече 'Светот е поголем од пет'. Затоа сакаме на нашиот претседател да му се даде Нобеловата награда."