Didar Yüsra Dilruba Öz
09 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Во последните 24 часа како дел од офанзивата „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија беа убиени најмалку 48 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските авиони целеа кон 23 упоришта на ДЕАШ, вклучувајќи 10 одбранбени позиции, три седишта и 10 засолништа во Бзагах, Суфланије, Замар и Амија.
Денес е 139. ден од офанзивата „Штитот на Еуфрат“, која беше започната на 24 август 2015 година во северниот дел на Сирија, за да се неутрализира заканата од тероризмот со акцент на ДЕАШ, со цел зајакнување на безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас.
Од тогаш се деактивирани вкупно 43 мини и 2.829 импровизирани експлозивни направи.
Офанзивата ја спроведуваат сириските опозициски сили, а во согласност со меѓународното право за самоодбрана ги поддржуваат и турските сили, како и меѓународната коалиција против ДЕАШ.