Ayşe Hümeyra Atılgan
14 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
АНКАРА (АА) – Според денешното соопштение на војската, турските воени авиони уништија 15 позиции на ДЕАШ во подрачјето на сирискиот град Ал Баб, како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Турските вооружени сили се вели дека во вчерашните воздушни напади уништени се два контролни центра, складиште за муниција и 10 одбранбени позиции. Во акцијата не зеле учество авиони од меѓународната коалиција против ДЕАШ.
Нападите се поддршка на операцијата за заземање на Ал Баб, кој се наоѓа на околу 35 километри североисточно од центарот на градот Алепо. Со поддршка од турските сили, Слободната сириска армија презеде контрола над седум села.
„Деветмина борци на Слободната сириска армија загинаа за време на судирите, а 52 се повредени. Четворица турски војници беа повредени од импровизирани експлозивни направи“, се вели во соопштението.
Територија од речиси 1.600 квадратни километри во северна Сирија е расчистена од терористите на ДЕАШ од почетокот на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, на 24 август.
Во соопштението се додава дека 10 припадници на терористичката ПКК/ПЈД се убиени во артилериски напади во текот на изминативе 24 часа, при обидот за преземање контрола врз областа Тал ал Џиџан.