Fatih Erel
26 Ноември 2015•Ажурирај: 28 Ноември 2015
ЖЕНЕВА (АА) – Просечната глобална температура во 2015 година е најголема досега забележана, изјави вчера Агенцијата за временски услови при ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
Една недела пред Конференцијата за климатски промени на ОН во Париз, Светската метеролошка организација (WMO) го објави својот привремен извештај за состојбата на климата во 2015 година.
„2015 година е најтоплата година, со највисока температура на површината на океаните досега, откако се започнати мерењата. Можно е дека прагот од 1ºС ќе се помине. Ова се лоши вести за планетата,“ рече генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Мишел Жаро, на прес-конференција во Женева.
Како резултат на силниот Ел Нињо и глобалното затоплување, предизвикано од човекот, глобалната температура ќе ја достигне својата пресвртна точка од 1ºС повеќе од периодот на пред-индустриската ера, предупредува Светската здравствена организација во анализата на петгодишната состојба.
Според Светската метеоролошка организација, годините од 2011-2015 се најтоплите забележани години, со многу екстремни временски услови, особено топлотните бранови, како резултат на климатските промени.
„Емисијата на гасовите од стаклената градина, кои ги предизвикуваат климатскте промени, може да се контролираат. Имаме знаење и алатки за делување. Имаме избор. Идните генерации нема да го имаат тој избор“, рече Жаро.
Тој додаде дека целокупното влијание на Ел Нињо се очекува да продолжи и во 2016 година.