Ekipa
06 Март 2016•Ажурирај: 07 Март 2016
КАБУЛ (АА) - Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани изјави дека терористичката организација ДАЕШ е поразена во источниот дел на земјата, каде што претходно ја презедоа контролата врз одредени области, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на денешното отворање на собраниската седница, Гани изјави дека авганистанските сили ги поразија милитантите лојални на ДАЕШ, на границата со Пакистан.
„Авганистан ќе стане гробница за членовите на ДАЕШ”, рече претседателот на државата.
ДАЕШ е присутен во Авганистан повеќе од една година. Авганистанските сили прогласија победа по 21-дневна операција во источниот дел на земјата, тврдејќи дека во операцијата загинале најмалку 200 милитанти.