Ata Ufuk Şeker
16 Јануари 2019•Ажурирај: 17 Јануари 2019
БРИСЕЛ (АА) - Главниот преговарач на Европската Унија (ЕУ) за Брегзит, Мишел Барние, во врска со тоа што договорот за разделба постигнат меѓу британската премиерка, Тереза Меј, и ЕУ, беше отфрлен со гласањето во британскиот Парламент, истакна дека можноста за Брегзит без договор никогаш не била толку голема, јавува Anadolu Agency (AA).
Барние имаше свое обраќање на седницата за Брегзит на Европскиот парламент одржана во Стразбур.
Тој нагласи дека договорот за разделба е заеднички подготвен од страна на ЕУ и британската Влада, и изрази жалење за резултатот од гласањето во британскиот Парламент.
Според Барние, приоритет на ЕУ е регуларна разделба. „Во оваа фаза, не можеме да игнорираме ниту едно сценарио. Оваа состојба се однесува на сценариото на разделба без договор, нешто што секогаш најмногу го избегнувавме“, додаде тој.
Барние рече дека Велика Британија по 10 недели за ЕУ ќе биде во позиција на трета земја. „Можноста за Брегзит без договор никогаш не била толку голема“, нагласи Барние.
Тој истакна дека се фокусирани да го спречат сценариото за разделба без договор и дека ЕУ за секоја состојба ги забрзува своите подготовки.
Во гласањето реализирано во британскиот Парламент, договорот за разделба од Унијата постигнат меѓу Меј и ЕУ беше отфрлен со 432 гласа „против“, додека 202 пратеници гласаа „за“.