Kasım İleri
18 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Белата куќа во врска со тврдењата дека Турција употребила хемиско оружје во Африн соопшти дека кон тоа Вашингтон гледа како „крајно невозможно дека такво нешто имало“, јавува Anadolu Agency (AA).
За американската новинска агенција „Associated Press“ (АП) изјава дал официјален претставник на Белата куќа, кој истакна дека ги видел тврдењата кои на социјалните мрежи ги објави терористичката организација ПЈД/ПКК за наводна „употреба на хемиско оружје од страна на Турција во Африн“, меѓутоа нема никакви докази дека такво нешто е направено.
Официјалниот претставник од Белата куќа, кој сакал да остане анонимен, овие тврдења ги процени како „крајно неверојатно дека такво нешто имало“.
За АА слична изјава даде официјален претставик на Советот за национална безбедност во Белата куќа.
Во врска со наведените тврдења, официјалниот претставник рече дека се информирани за постоењето на такви тврдења и истакна:
„За употребата на хемиско оружје од страна на Турските вооружени сили сметаме дека е крајно невозможно такво нешто да имало. Упатуваме повик да се заштитат цивилите во Африн и да се стои подалеку од нив”.
- Се откри дека тврдењата се дел од пропагандата што ја вршат ПЈД/ПКК и режимот на Асад -
Режимот на Башар ал-Асад преку новинската агенција САНА има за цел да ја оцрни операцијата „Маслинова гранка“ што ја започнаа Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната војска на Сирија. За таа цел, новинската агенција објави вест, наводно базирана врз изјава на раководителот на болница во Африн, дека синоќа, од афринското село Мезјене донесени се 6 лица кои биле затруени со гас.
И покрај тоа што на официјалната интернет страница на САНА е објавена оваа вест, вниманието го привлекува фактот дека не се објавени видео материјали поврзани со овие тврдења. Постојат само неколку фотографии.
И покрај тврдењата и оцрнувачката пропаганда што ја прави режимската новинска агенција во врска со настанот, видео-материјалите објавени на некои информативни интернет страници и профили на социјалните мрежи, блиски до терористичката организација ПЈД/ПКК, го покажуват токму спротивното.
На видео материјалите споделени на интернет може да се забележи дека лицата за кои се тврди дека се затруени од гас, се свесни, можат да зборуваат, можат самостојно да се движат, по телото немаат црвенило, ниту пак имаат треска.