Белград: Започна фестивалот "Мостарски дождови во Савамала"
Презентацијата на Мостар, во рамките на проектот "Градови во регионот" во Белград, започна со изложбата "Стариот мост - Споменик на мирот".
?????
07 Ноември 2015•Ажурирај: 08 Ноември 2015
БелградВо рамките на проектот "Градови на регионот", граѓаните од Белград ќе имаат можност во текот на викендот преку изложби, гастрономија, разговори и музика да се запознаат повеќе со духот на Мостар, јавува Anadolu Agency.
Златан Мехиќ од АДА центарот на отворањето на изложбата, рече дека Мостар не може да се набљудува само денес и утре, за да се запознае убаво треба да се погледне и во неговата историја.
"Како да го заборавиме Стариот мост. Дали Мостар е Стар мост? Да. Дали Мостар се новите трговски центри кои се отворија? Да. Дали Мостар се протестите против владеењето на незадоволството кај граѓаните? Да, тоа е. Ако се ограничиме и исфрлиме само еден дел од ова, Мостар нема да биде тоа што е ", рече Мехиќ.
По отворањето на изложбата, вечерната програма продолжи со рецитирање на "Мостарскиот дожд" на Пере Зупца, кој оваа година полни 50 години, во изведба на актерот Сергеј Трифуновиќ, по што следуваше настапот на музичкиот бенд Зостер.
Денес се прикажува филмот на Ерол Кадиќ "Мостар: Вчера, денес, утре" , се одржува трибината "Поделени градови", а на крајот на денот, настапува составот "Мостар Севдах Реунион".
Третиот ден на фестивалот е "Ден на семејството" и е резервиран за дружење и уживање во уште едно гастрономско патување во Мостар. Во рамките на проектот "Градови во регионот", Миксер, до сега, на сличен начин пред граѓаните на Белград ги презентираше и Ријека, Сплит, Сараево и Нови Пазар.