Cuneyt Davut
14 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
БИТОЛА (АА) – По повод 117-годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк на Военото училиште во Битола, се одржа свечена церемонија, јавува Anadolu Agency (АА).
На свеченоста присуствуваа амбасадорот на Турција во Република Македонија, Омур Шолендил, заменикот-началник на Генералштабот на Република Македонија, генерал-мајор Мухамед Рацај, бригадниот генерал на Турција Угур Шахин, претставници на Генералштабот на Република Турција, градоначалници и лидери на политички партии, како и многу други гости.
По интонацијата на националните химни на Турција и Македонија, бригадниот генерал Угур Шахин во својот говор даде информации во врска со образованието на Ататурк и напорите што ги има покажано за формирањето на модерна Турција.
Заменикот-началник на Генералштабот на Република Македонија, генерал-мајор Мухамед Рацај, обрнувајќи внимание на соработката меѓу двете земји, изрази благодарност пред сè за поддршката што Турција ѝ ја дава на Македонија во процесот на интеграција во НАТО како и донациите и средствата што турските вооружени сили ги имаат реализирано за македонската армија.
Додека турскиот амбасадор во Македонија, Омер Шолендил, своето излагање го почна осудувајќи го терористичкиот напад што се случи вчера во Анкара. Тој изрази благодарност кон сите институциии што се присутни и кои придонеле кон реализирањето на оваа церемонија.
Шолендил нагласи дека „Воeното училиште во Битола е училиште од кое произлегле многу големи личности, како основачот на Турција, Мустафа Кемал Ататурк, кој служел како во Отоманскиот период така и во создавањето на напредокот на Република Турција”, изјави Шолендил.