Duygu Yener
04 Ноември 2016•Ажурирај: 04 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за правда на Република Турција, Бекир Боздаг, денес во Анкара изјави дека германските официјални лица не можат да се мешаат во внатрешните работи на неговата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Германските официјални лица, министерот за правда и почитуваната Меркел, речиси сите си земаат за право да ги коментираат речиси сите судски процеси во Турција. Тие мораат да видат и да сфатат дека Турција е независна, суверена држава и дека правосудството во Турција е независно, како и она во Германија. Не можете да се мешате во внатрешните работи на Турција. Тоа не е право ниту на германскиот министер за правда, ниту на Ангела Меркел, а ни на кој било друг министер. Тоа не го може ниту една друга земја“, изјави Боздаг.