Halit Süleyman
06 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
ИДЛИБ (АА) – Во бомбашки напад врз бегалскиот камп Атме, кој се наоѓа ви близина на границата со Турција, животот го загубија повеќе од 20 лица. Одговорноста за нападот ја презеде ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот е извршен додека се менувало дежурството на Слободната сириска армија којашто ги обезбедува цивилите во бегалскиот камп Атме. Кампот се наоѓа на околу 1 километар од турската граница со Сирија, наспроти местото Рејханли во Хатај.
Сведоци од местото на настанот, во телефонски разговор за АА изјавија дека нападот на дежурните пунктови на Слободната Сириска Армија го извршил бомбаш-самоубиец. Тие информираа дека првично има над 20 жртви и голем број повредени цивили, како и дека се очекува бројот на жртви да расте.
Се дознава дека повеќето од жртвите и повредените се припадници на Слободната сириска армија.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДАЕШ во соопштение на социјалните медиуми.