Ecenur Çolak
28 Јануари 2017•Ажурирај: 28 Јануари 2017
АНКАРА (AA) - Британската премиерка Тереза Меј допатува во официјална посета на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
По посетата на Соединетите Американски држави (САД) Меј допатува во Анкара, главниот град на Турција, каде ќе се состане со претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган.
По состанокот со Ердоган британската премиерка во палатата Чанкаја свечано ќе ја дочека и премиерот Бинали Јилдирим. Премиерите на двете земји ќе одржат заедничка конференција за медиуми.
Меј минатата година стапи на должност на премиерка на Велика Британија, а во текот на посетата на Турција ќе стане збор за борбата против терористичката организација ДЕАШ, ситуацијата во Сирија, како и за некои други билатерални политички и трговски односи.