Halit Süleyman
25 Септември 2016•Ажурирано: 25 Септември 2016
АЛЕПО (AA) - Бројот на загинати во последните напади на руските и сириските авиони на населените подрачја на градот Алепо зголемен е на 92, а од прекинувањето на примирјето досега, вкупно загинаа 359 лица, јавуваAnadolu Agency (AA).
Службени на цивилната заштита во Алепо, Неџип Енсари за АА изјави дека руските и авионите на силите лојални на сирискиот претседател Башар Ал-Асад во текот на целиот ден ги бомбардирале населените подрачја на Алепо.
Бомбардирани се деловите на градот Бустан ал-Каср, Мешхед, Келесе, Фирдеус, Бештакин, Енсари, Катирџи, Баб ел-Нејраб, Салихин, Маади, Тарик ел-Баб, Сахур, Мерџе, Карм Хамуд, Шејх Хадир, Сукери, Шеар, Мујесир и Месекин Ханану, како и провинцијата Кафр Хамра. До сега загинаа 92 лица, а ранети се 273.
Потсетуваме дека во вчерашниот воздушен напад на Алепо загинаа најмалку 86 лица, а ранети се околу 200.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар Ал-Асад покренаа копнени и воздушни напади, откако на 19 септември е прекинато примирјето.
На акциите на режимот на Асад поддршка пружа и Русија.