Sorwar Alam
16 Мај 2018•Ажурирај: 16 Мај 2018
ГАЗА (АА) - „Бројот на усмртените Палестинци за време на протестите на границата на Газа е зголемен на 62, вклучувајќи осум малолетни деца“, се потврдува од Министерството за здравство на Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).
Од палестинското Министерство истакнаа дека меѓу усмртените лица се наоѓаат осум малолетници.
Додадоа дека за време на протестите од вчера се ранети вкупно 3.188 лица, меѓу кои се наоѓаат и жени и деца.
Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата на Газа за да протестираат поради израелската окупација и преместувањето на Американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).
Израелските безбедносни сили со употреба на сила и огнено оружје се обидоа да ги спречат протестите кои продолжија и вчера.
Во осудувањата што пристигаат од светот меѓу останатото е наведено дека прекумерната сила е недопустлива во случај на мирни протести какви што Палестинците организираа на 70-годишнината од Накба односно масовниот прогон на овој народ.