Aşkın Kıyağan
26 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
ВИЕНА (АА) - Новоизбраниот претседател на Австрија, Александар Ван дер Белен положи свечена заклетва пред парламентот и ја презеде функцијата шеф на државата, јавува Anadolu Agency (AA).
Ван дер Белен на претседателските избори во декември минатата година освои 53,8 отсто од гласовите и е избран за деветти претседател на Австрија. Тој го победи радикалниот десничар Норберт Хофер.
Денес е организирана на која Ван дер Белен пред австрискиот Парламент положи заклетва како претседател на државата.
Во обраќањето, Ван дер Белен изјави дека на функција доаѓа во тешко време на јакнење на националистичката реторика во светот и кога за воспостување на глобалниот мир е неопходно заедничко дејствување на сите меѓународни институции првенствено Европската Унија.
Новиот австриски претседател Ван дер Белен им се обрати и на доселениците и мигрантите во Австрија и потсети дека и тој доаѓа од мигрантско семејство.
„Како дете на мигранти, пред вас застанав во својство на претседател на Австрија. Горд сум на тоа. Австрија е земја на неограничени можности“, изјави Ван дер Белен.
По полагањето заклетва пред Парламентот, традиционалниот воен оркестар го испрати новиот претседател на Австрија до палатата Хофбур. Ван дер Белен така и формално беше инаугуриран за нов претседател на Австрија.
Тој на функцијата претседател на Австрија во наредните шест години ќе прима месечна плата во износ од 24.000 евра. Станува збор за професор по економија, кој претходно беше претседател на Партијата на зелените во Австрија.