Dildar Baykan
08 Август 2018•Ажурирај: 09 Август 2018
КАРАКАС (AA) - Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, како одговорен за обидот за атентат во саботата го смета лидерот на опозицијата, Хулио Борхес, јавува Anadolu Agency (AA).
Мадуро за телевизиски канал рече дека изјавите на шестемина уапсени по обидот за атентат укажуваат дека за атентот е одговорен Борхес.
„Неколку дадени изјави укажуваат на Хулио Борхес“, додаде Мадуро, кој не сакаше да даде повеќе детали за улогата на Борхес во обидот за атентат.
Интервјуто траеше околу два часа, а споделени беа и видеозаписи на осомничените и фотографии од дронот кој експлодираше.
Порача дека потребните докази ќе ги сподели со функционерите на САД и Колумбија и ќе побара соработка за да бидат фатени лицата што го извршиле и финансирале обидот за атентат.
Врз претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во текот на говорот во Каракас е извршен напад со дрон. Мадуро не доби повреди, но повредени се седум војници.
Групата која се нарекува „Војници во маички“ ја презеде одговорноста за нападот.