Barış Seçkin
29 Април 2016•Ажурирај: 30 Април 2016
ВАТИКАН (АА) - Вицепремиерот на САД, Џо Бајден учествуваше во Ватикан на конференцијата по повод истражувањата на ракот и регенеративната медицина, јавува Anadolu Agency (AA) .
Бајден кој беше дојден во Рим на средба со премиерот на Италија, во утринските часови премина во комшиската град-држава Ватикан, каде зборуваше на меѓународната конференција за причините поради кои ткивата ги губат своите основни функции (возраст-години, болест, генетски деформации) и лекување на органите и создавање живо функционално ткиво со помош на регенеративната медицина.
Бајден истакна дека САД покажува особени напори на полето на напредување во истражувањата за Ракот и регенеративната медицина, и соопшти: „Ракот е проблем кој изискува итност. Ова не е национален, туку меѓународен проблем кој ги засега сите раси и вери на светот“.
Бајден истакна дека е потребно зголемување на финансиските извори и размената на информации за поуспешна борбата со ракот, и му се заблагодари на Папата за изразеното сочуство за загубил синот кој боледувал од рак, при минатогодишната посета на Папата на САД.
По конференцијата Бајден и Папата Франсико имаа пет минутна средба, но не беа дадени детали околу средбата.
Џо Бајден се сретна и со Државниот секретар на Варикан, Кардиналот Пиетро Паролин.