Ekipa
16 Декември 2018•Ажурирај: 17 Декември 2018
АЗАЗ (АА) - Најмалку 4 лица се убиени, а над 20 се ранети во бомбашки напад на терористичката организација ЈПГ/ПКК, кој се случи денес на пазар во северозападниот сириски град Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за град кој Турските вооружени сили и Слободната сириска војска претходно го ослободија од терористите на ЈПГ/ПКК.
Репортерот на АА јавува дека автомобил бомба експлодирал на пазар во центарот на Африн на кој граѓаните во недела масовно одат да купуваат овошје и зеленчук.
Според првичните информации, во нападот загинале најмалку 4, а ранети се повеќе од 20 лица.
Припадници на цивилната заштита „Бели шлемови“ се наоѓаат на местото на експлозијата и ги пребаруваат урнатите објекти.
Пожарникарните екипи под контрола го ставија пожарот кој на пазарот изби по силна експлозија.
Паралелно со тоа, локалните безбедносни сили истовремено воочија и неутрализираа автомобил наполнет со експлозив во уште еден кварт во Африн.