Hasan Esen
22 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Најавено е дека во трите терористички напади во Брисел загинаа најмалку 26 лица, а 136 други се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Ле Соир” според извори од Обвинителсвото во Брисел, објави дека во двата напада кои се случија на аеродромот во Брисел загинале 11 лица и повредени се 81. Пренесено е дека во нападот кој се случи во метро станицата Маелбек загинаа 15 лица а 55 се повредени.
За експлозијата на улицата Ла Луа изјавено е дека експлозијата се должи на контролиран начин на уништување на сомнителен пакет. По терористичките напади кои ова утро се случија во главниот град на Белгија, Брисел, на аеродромот Завентем и метро станицата Маелбек нивото на терористичка закана беше дигнато на највисоко ниво.
Поради ова аеродромот Завентем беше евакуиран, сите слетувања беа откажани и метро станиците беа затворени. Премиерот на Белгија, Шарл Мишел, во својата прва изјава по нападите повика дека потребна е смиреност и солидарност.