Afra Aksoy
20 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
МОСУЛ (АА) - Во борбите во предградието Аден во рамките на операцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул од терористичката организација ДЕАШ неутрализирани се 33 милитанти на ДЕАШ, а загинаа и 9 лица од единиците за борба против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на единиците за борба против тероризмот при Минстерството за одбрана, Азам Мухамед ел-Абиди, во изјавата за АА истакна дека единиците забележале напредок кон населбата Аден којашто за ДЕАШ е важна од стратегиски аспект.
Абиди истакна дека владините сили се соочиле со сериозен отпор во Аден и пренесе дека за спречување на единиците се користеле бомбашки напади и снајперисти.
Според првичните сознанија, во текот на борбите загинале 9 припадинци на единиците за борба против тероризмот, додека 21 се повредени. Од друга страна, неутрализирани се 33 припадници на ДЕАШ, а десетици се ранети.
Истакнувајќи дека во текот на борбите биле уништени три автомобили, два ракетни фрлачи, како и дека е запленета воена опрема Абиди рече: „30 отсто од населбата Аден е расчистена од ДЕАШ. Операцијата продолжува“.
Операцијата за ослободување на Мосул од ДЕАШ започна на 17. октомври. Во неа учествуваат ирчката војска и полиција, силите на Пешмерга при Курдската регионална влада во Ирак, како и меѓународните коалициски сили.