Ekip
09 Јули 2016•Ажурирано: 10 Јули 2016
АНКАРА (AA) - Еден од високопозиционираните лидери на терористичката организација ПКК Фехман Хусеин со кодното име "Бахос Ердал" убиен е Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на сириската бунтовничка единица Тел Хамис, Халид ел Хасекави потврди дека е убиен Хусеин велејќи дека неговото возило е "кренато во воздух".
Хасекави во изјава за АА рече дека Хусеин е убиен синоќа околу 20:30 часот по локално време на патот од местото Химо кон Камишли, на подрачјето на Сирија.
Тој рече дека освен Хусеин се убиени и осум негови телохранители, а дека до убиството дошло по долготрајното следење и планирање на операцијата. Хасекави рече дека убиството на лидерот на терористичката организација ПКК е добра вест за народите на Сирија и Турција.
Кажувајќи дека терористичката организација ПКК е окупатор на подрачјето на Сирија и дека го поддржува режимот на Башар ал-Асад тој рече дека "акцијата во која е убиен лидерот на терористите ја посветуваат на сите невино страдани Сиријци и оние кои трпат тортури во режимските затвори."