Ahmet Dursun
10 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
АНКАРА (АА) - Израелските воени авиони извршија напад врз воздушна база во Сирија, при што загинаа седум војници и припадници на милицијата на Иран, меѓу кои и еден полковник од Револуционерната гарда, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на Иранската државна телевизија, во нападот извршен од Израел вчера во воздушната база T-4 која се наоѓа во сирискиот град Хомс, загинаа седум иранци, меѓу кои и полковникот Мехди Дехкан Јездели и подофицерот Муртеза Басарипур од Револуционерната гарда.
Според соопштеното, денес ќе се одржат погребни церемонии за загинатите Иранци.
Израелските воени авиони вчера извршија напад врз воздушната база T-4, која му припаѓа на режимот во Хомс.
Базата T-4 е позната како база од каде што полетале авионите на режимот кои во последниот период вршат напади со хемиско оружје врз Источна Гута. Во базата се наоѓаат сили на Иран.