Gökhan Kurtaran
22 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
ЛОНДОН (АА) - Во близина на британскиот Парламент, непознато лице или лица отвориле оган. Се дознава дека во настанот има ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на британската полиција, во близина на британскиот Парламент непознато лице или лица отвориле оган.
Британската полиција соопшти дека истрелите се слушнале во близина на мостот Вестминистер, во 14.40 часот по локално време.
Официјалните претставници информираа дека во настанот се ранети две лица.
Покрај тоа, за време на настанот, во британскиот Парламент се одвивала седница на која присуствувал и новинарот на АА, кој информираше дека никому не му било дозволено да излезе од Парламентот.
Според очевидците, во зградата на Парламентот влегол напаѓач со нож во раката.