Ali Semerci
02 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
ГАЗА (АА) - Палестинката Разан ал-Наџар (21), која волонтираше како медицинска сестра, беше убиена во петокот за време на масовните демонстрации наречени „Голем марш за враќање" на границата на појасот Газа и Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Палестинското Министерството за здравство во Газа, Ешреф ал-Кудра соопшти дека Наџар, која им помагала на ранетите Палестинци беше убиена од страна на израелските војници во јужниот дел на Газа.
Според него, медицинската сестра на терен им помагала на ранетите за време на масовните демонстрации. Таа беше убиена при отварањето оган врз демонстрантите од страна на израелските војници.
Кудра истакна дека во различни области биле повредени 100 Палестинци.
Палестинците од крајот на март одржуваат масовни демонстрации наречени „Големиот марш на враќање" на границата на појасот Газа и Израел.
Најмалку 119 Палестинци од Појасот Газа загинаа, а речиси 13.000 беа повредени од 30 март, кога израелските сили отворија оган врз демонстрантите кои го одбележуваа „Денот на земјата", кој е симбол на отпорот кон израелската окупација.
Протестите кулминираа на 15 мај, кога се одбележуваше 70-годишнината од Накба или Денот на катастрофата што го симболизира страдањето и прогонот на палестинскиот народ од основањето на државата Израел на палестинска територија.
Израелските безбедносни сили со употреба на сила и огнено оружје се обидоа да ги спречат протестите кои продолжија наредните денови.
Во осудувањето на светот, меѓу другото, се наведува дека е неприфатливо прекумерна сила во случај на мирен протест што Палестинците го организираа на 70-годишнината од Накба, односно масовно протерување на тој народ.