Ayhan Şimşek
12 Јули 2018•Ажурирај: 13 Јули 2018
БЕРЛИН (АА) - Германскиот суд денес го одобри испорачувањето на поранешниот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон, на Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Високиот регионален суд во Шлесвиг-Холстеин, објавено на официјалната веб-страница, се наведува дека барањето за испорачување на Пуџдемон е одобрено, но врз основа на обвиненијата за злоупотреба на јавните средства.
Тоа ја исклучува екстрадицијата врз основа на обвиненијата за бунт, бидејќи тоа не е во согласност со германскиот закон.
Пуџдемон (55), засега останува на слобода, додека главниот обвинител не поднесе официјално барање за испорачување.
Сепаратистичкиот лидер е уапсен на 25 март во северниот дел на Германија, откако шпанските власти повторно издадоа европски налог за апсење поради обвиненијата за поттикнување бунт и злоупотреба на јавни средства.
Судот во април го пушти Пуџдемон на условна слобода.
Каталонскиот политичар, минатата година предводеше седница на Парламентот на Каталонија, на која сепаратистичките пратеници гласаа за прогласување независност на регионот од Шпанија.
Тој и уште 12 други сепаратистички лидери официјално беа обвинети за бунт.