Ensar Özdemir
23 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
ГАЗИАНТЕП (AA) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу и германската канцеларка Ангела Меркел допатуваа во југоисточниот турски град Газиантеп, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу, кој во Газиантеп допатува порано, ја дочека Меркел на аеродромот во овој град.
Тие денес, заедно со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, ќе го посетат бегалскиот камп во Газиантеп.
Кампот основан во 2013 година а се простира на 145.000 метри квадратни, а во него живеат 4.818 сириски бегалци. Од денот на основањето до денес во кампот се родени 363 деца. Од друга страна, речиси две илјади деца по потекло од Сирија посетуваат настава.
Давутоглу, Меркел, Туск и Тимерманс по посетата на кампот ќе се приклучат на церемонијата по повод отворање на програмата за помош на Турција и ЕУ на бегалците, која ќе се одржи на универзитетот во Газиантеп.
Според податоците на Дирекцијата за итни и вонредни ситуации на Република Турција (AFAD) во кампот се наоѓа спортска сала, парк за деца, продавница и други објекти.
Турција до сега своите врати ги отвори за околу три милиони сириски бегалци, на кои им овозможи и бесплатно пружање на здравствени услуги. На згрижување на бегалците по стандардите на Обединетите нации потрошено е околу десет милијарди долари.