Mümin Altaş
24 Март 2016•Ажурирај: 24 Март 2016
АНКАРА (AA) – Турскиот премиер Ахмет Давутоглу и се заблагодари на Босна и Херцеговина на поддршката на Турција во борбата против тероризмот, која синоќа е искажана со осветлувањето на Домот за заседавање на Град Сараево (Vijećnica), во боите на турското знаме, јавува Anadolu Agency (AA).
„Добивме многу пораки на поддршка по ужасните терористички напади. Една од најомилените стаса од убавото Сараево", напиша Давутоглу на социјалната мрежа Твитер.
Со фотографијата од Домот за заседавање на Градот Сараево, во боите на турското знаме, турскиот премиер Давутоглу на Твитер, на босански јазик напиша:
"Ти благодарам, Босна и Херцеговина" .
Градот Сараево синоќа на симболичен начин оддаде чест на жртвите на терористичките напади кои се случија во саботата во Истанбул и во вторник во Брисел. По тој повод Домот за заседавање на Градот Сараево беше во боите на турското и белгиското знаме, кое до полноќ на секои десет секунди се менуваа на нејзината фасада.