Ekip
02 Август 2018•Ажурирај: 03 Август 2018
КАБУЛ (АА) - Авганистански функционер соопшти дека тројца странски работници, меѓу кои и државјанин на Македонија, рано утрово се киднапирани и убиени во главниот авганистански град Кабул, пренесува Anadolu Agency (AA).
Откако биле киднапирани, нивните тела биле пронајдени во еден од опасните градски квартови.
Не е познато кој стои зад киднапирањето и убиството на тројцата странски државјани, а ниту една организација за сега не презела одговорност.
Хашмат Станекаи, портпарол на полицијата во Кабул рече дека телата се оставени во Мусахи, едно од најопасните подрачја на главниот град на Авганистан. Тој додаде дека полициската истрага е во тек.
Полицаецот Јан Ага рече дека тројцата убиени работеле како готвачи на аеродром во Кабул и дека биле државјани на Македонија, Индија и Малезија.