МАНАМА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во Бахреин беше примен од страна на премиерот Халиф бин Салман ал Халифе и од принцот на Бахреин, Салман бин Хамад Ал Халифе, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата се одвиваше зад затворени врати и траеше околу 1 час. По средбата, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган зборуваше на конференцијата што од страна на Меѓународниот мировен институт за Средниот Исток и за Северна Африка се одржува во Бахреин.
„Одамна дојде времето за обединување на целиот исламски свет, па дури и на целото човештво со цел за подобра иднина. Ниту една земја не може да мисли само на својот комфор, само на сопствената иднина, додека нивните соседи страдаат, додека нивните соседи со кои го дела истиот јазик и култура, минуваат низ тешкотии“, рече претседателот Ердоган.
Укажувајќи на голем број кризи во исламскиот свет, турскиот претседател Ердоган рече дека муслиманите меѓусебно се убиваат и се делат по етничка основа, јазик, племенски, расен и секташки идентитет.
- Операција „Штитот на Еуфрат“ -
„Нашите чекори се фокусирани кон една цел. Доколу направиме заеднички чекор со коалициските сили на исток кон Мунбич и Рака, целта на овие заеднички чекори е создавање безбедна територија, ослободена од тероризмот, и на оваа безбедна територија, ослободена од тероризам ќе бидат сместени нашите арапски браќа и Туркмените“, рече понатаму претседателот Ердоган.
Територијата од 2.000 квадратни километри, која до пред неколку месеци беше под контрола на терористите, успеавме да ја претвориме во безбедно подрајче и во зона на надеж, но тоа не е доволно. Наша цел е тука да создадеме простор од најмалку 4-5 илјади квадратни километри ослободени од тероризам, коешто ќе биде безбедно подрачје. Постојат сериозни проблеми, но продолжуваме со напорите за да го оствариме поставеното“.
- „Режимот на Асад досега уби околу 1 милион луѓе“ -
Турскиот претседател Ердоган и во оваа пригода остро го критикуваше режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, кого го смета за одговорен за крвопролевањето во Сирија. „Отворено ќе кажам, сите зборуваат дека станува збор за околу 600.000, но тоа не е точно. Во Сирија убиецот Асад досега уби околу 1 милиони луѓе. Убиваше со авиони, барелни бомби, со тенкови… Сѐ уште безмилосно убива. Дали трпеливо и немо ќе го гледаме тоа? Одобрувањето, само по себе е злосторство. Таму народот се угнетува и ние не можеме да бидеме само неми набљудувачи. Ќе интервенираме со рака или со збор, ако тоа не е доволно, ќе реагираме и со срце. Меѓутоа можам да забележам дека такво чувство нема во поголем дел од исламскиот свет“, рече претседателот Ердоган.
Потсетувајќи дека Турција досега примила околу 2,8 милиони бегалци од Сирија и 300.000 од Ирак, Ердоган истакна дека Турција за нивните потреби издвоила енормни 25 милијарди долари, но нема да остане на тоа, туку нејзините врати и натаму се отворени за сите загрозени луѓе.
„Заедно со невладините организации, досега за бегалците се издвоени 25 милијарди долари. Спроед договорот, Европската Унија во јули минатата година требаше да ни даде 3 милијарди евра. Не ни ги даде. Досега во Турција пристигнаа 750 милиони евра. Преку УНЦХР 520 милиони долари. Тоа е голем товар за Турција, но ние нема да застанеме на тоа“, порача претседателот на Турција Ердоган и го повика и исламскиот свет да не биде нем набљудувач на злосторството во Сирија.
- „ДЕАШ е терористичка организација, бидејќи исламот е мирољубива религија“ -
Зборувајќи за терористичката организација ДЕАШ, турскиот претседател Ердоган изјави: „ДЕАШ е терористичка организација, бидејќи исламот е мирољубива религија. За жал, ДЕАШ постојано спроведува терор и на брутален начин ги убива незаштитените луѓе. Овие лица во никој случај не се муслимани. Ние во моментов, постојано сме под закана на ДЕАШ. ДЕАШ ги оцрнува муслиманите и поради ДЕАШ сите муслимани во светот се оцрнети. Ние не го заслуживме ова“.
- „Никој не треба теророт и исламот да ги става еден до друг“ -
Претседателот на Турција Ердоган изјави: „Во моментов во одделни делови од светот има лица кои теророт и исламот ги ставаат еден до друг. Се обраќам од оваа говорница, никој нека не ги става радикализмот и исламот еден до друг, бидејќи исламот не го прифаќа радикализмот“.
- Одлуката на Израел за нови населби -
Осврнувајќи се на блокираниот мировен систем за Блискиот Исток, претседателот Ердоган рече дека сите во исламскиот свет мора да преземат некакви чекори со кои би се сопреле активностите што се закануваат да го загрозат мирот, не само на муслиманите, туку во целиот свет.
„Израелската политика на изградба илегални населби на окупираната палестинска земја, и покрај забраната донесена со резолуција на Обединетите нации, не претставува ништо друго, туку провокација. Предуслов за траен мир на Блискиот Исток е прекин на окупацијата на палестинската земја и враќање на правата на Палестинците“, порача Ердоган.
- Либиското прашање -
Коментирајќи го либиското прашање, претседателот Ердоган изјави дека е потребно да се реши постоечката криза, доколку целта е воспоставување мир и стабилност на Блискиот Исток.
- „Со заеднички напори можно е да се дојде до траен успех во борбата против тероризмот“ -
За борбата против сѐ пораспространетиот тероризам, претседателот Ердоган рече: „Доколку погледнете која било земја од регионот и разгледаме кое било прашање, пред нас ќе се појави тероризмот. Борбата против тероризмот може да има траен успех само доколку таа се спроведе заеднички на меѓународно ниво. За таа цел, се разбира дека се значајни правните рамки, првенствено во рамките на Обединетите нации, но тоа не е доволно”, изјави турскиот претседател Ердоган.