Merve Aydoğan
08 Март 2018•Ажурирај: 09 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ до денес, во подрачјето на Африн, северозападна Сирија, неутрализирани се вкупно 3.089 терористи, јавува Anadolyu Agency (AA).
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право, засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.