Duygu Yener
17 Февруари 2017•Ажурирај: 18 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека претседателскиот систем во Турција земја не е прашање на поединец, бидејќи поединците се минливи а системот е трајна категорија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Луѓето се минливи. Јас сум минлив. Имам ли јас некоја напишана гаранција дека воопшто ќе излезам на референдумот на 16 април? Немам. Ние сме минливи, но системот во таа смисла е трајна категорија. Поради тоа не зборуваме за минливи туку за трајни категории”, изјави Ердоган.