АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) направија погрешен чекор во однос на прашањето на Кудс, со тоа што не ја испочитуваа резолуцијата 478 на Советот за безбедност од 1980 година, којашто е потпишана и од страна на САД и истакна дека прашањето на Кудс е важно за целото човештво, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател пред неговата официјална посета на Судан, Чад и Тунис, која ќе се одржи од 24-27 декември, даде интервју за интернет страницата „AllAfrica“, каде истакна:
„Сметам дека е многу грешка што почитуваниот Трамп го доведе случајот до тука и го зароби во Кудс. Не требаше да падне во оваа игра и замка. Зошто? Бидејќи како што знаете, во 1980 година постои резолуцијата 478 на Советот за безбедност на ОН, а под оваа резолуција стои и потписот на Америка. Многу е погрешен чекор што Америка помина преку оваа одлука и покрај тој потпис".
Ердоган потсети дека Турција ја прогласила 2015 година за „Година на Африка“, и рече дека во тоа време Турција имала 12 амбасади во овој континент, и дека моментално постојат 39 турски амбасади во Африка. Тој вели дека посакува да имаат амбасадори во сите земји во Африка, и дека ќе успеат во тоа.
Турскиот претседател информираше дека ќе го посети Судан, Чад и Тунис, каде ќе се реализираат билатерални средби и бизнис самит заедно со бизнисмени во неговата делегација.
Истакнувајќи дека авиокомпанијата „Turkish Airlines“ (Туркиш Ерлајнс) има големо значање во брзиот развој на односите меѓу Турција и Африка, Ердоган додаде:
„Turkish Airlines моментално работи во 33 земји со вкупно 55 дестинации“. Ердоган рече дека има големо значење африканските народи да патуваат во Турција, како и турскиот народ да патува во тие земји и потесети дека Турција е на многу поразлична позиција од она што била пред 15-16 години.
Ердоган нагласи дека посетата на Судан има приоритетно значење, и потсети дека претседателот на Судан учествувал на Самитот на Организацијата за Исламска Соработка (ОИС).
„Судан е еголема земја. Земја со која имаме многу заеднички страни било од културен, религиски и цивилизациски аспект. Има големо значење меѓусебните средби на бизнисмени кои ќе се одржат таму, како и обраќањата на лидерите пред бизнисмените“, рече Ердоган, кој додаде дека потоа ќе патуваат за Чад и Тунис.
Како што рече турскиот претседател, фактот што САД го укинаа ембаргото за Судан е задоволителен настан.
Во врска со прашањето околу состојбата создадена откако нацрт-одлуката за Кудс која ја критикува одлуката на САД за признавањето на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, беше усвоена на Генералното собрание на ОН со 128 гласа, додека 9 земји гласаа против, Ердоган нагласи дека Кудс има големо значање особено за исламскиот свет, исто така, како што рече тој, и Месџид Ал-Акса има особено значење бидејќи тоа е првата кибла на муслиманите.
Нагласувајќи дека Кудс е значаен и за христијаните, Ердоган додаде:
„Јас како председавач на Организацијата за Исламска Соработка (ОИС), кога ги барав лидерите на повеќе исламски земји, го побарав и лидерот на христијанскиот свет, папата Францис. Исто така, со него го споделив овој процес, и видов дека и тој размислува како наие во однос на ова прашање“.
Тој информираше дека разговарал и со претседателот и канцеларката на Германија, со францускиот претседател, како и со претседателот на Русија.
„Ги побарав не само лидерите на исламскиот свет, туку и лидерите на повеќе земји, бидејќи овој проблем не е проблем само на муслиманите. Всушност, ова е проблем на целото човештво“, истакна турскиот претседател.
„Сметам дека е многу погрешно што почитуваниот Трамп го доведе случајот до тука и го заробии во Кудс. Не требаше да падне во оваа игра и замка. Зошто? Бидејќи како што знаете, во 1980 година постои резолуцијата 478 на Советот за безбедност на ОН, а под оваа резолуција стои и потписот на Америка. Многу е погрешен чекор што Америка ја прегази оваа одлука покрај тој потпис. Кој беше потребниот чекор што требаше да се направи? Се враќаме во 1967 година. Што имаше тогаш? Тука постои едно дводржавно решение. Сега таму има една ситуација каде Источен Кудс е признаен како главен град на Палестина, и состојбата немаше да се доведе до тука, ако не се приближуваше до дводржавното решение“, рече Ердоган.
Потсетувајќи дека нацрт-одлуката за Кудс во Генералното собрание на ОН беше усвоен со 128 гласа, додека 9 земји гласаа против, а 35 беа воздржани, Ердоган нагласи дека тие 35 земји останаа воздржани под големи притисоци.
Ердоган рече дека земјаќи ги во предвид обемот на земјите кои гласаа против, Трамп повторно ќе ја разгледа оваа состојба.
- „Прашањето на Кудс е проблем на целото човештво"
Турскиот претседател Ердоган се осврна и на потребните чекори што треба да се направат понатаму, и рече дека човештвото веќе не сака војна, туку мир.
„Човештвото е уморно од војните. Особено Блискиот Исток е многу уморен. Тоа што се случи во Ирак и Сирија, умираат милиони деца и жени, мораме да бидеме заедно, бидејќи јас апсолутно не го гледам ова како прашање само на муслиманите, ова прашање е прашање на целото човештво. Затоа при гласањето (во ОН) уаптивме порака дека ова е прашање на цело човештво“ истакна Ердоган, упатувајќи благодарност до сите 128 земји кои покажаа праведен став.
- „ДЕАШ во сериозна смисла моментално изгуби многу крв“
Осврнувајќи се на терористичките организации и тероризмот во земјите каде ќе изврши посета во наредните денови, Ердоган вели дека покрај Судан и Тунис што водат борба против теорирзмот, и Чад води борба против терористичката организација Боко Харам, и додаде дека Турција има искуство од 35-40 години во областа на борбата против тероризмот.
Ердоган истакна дека Турција во последните години ја интензивирала борбата против тероризмот, и постигнала успех во тоа.
„ДЕАШ во сериозна смисла моментално изгуби многу крв. На пример, Џараблус, Раи и Ал Баб во Сирија. 2.000 километри кватратни во тој регион исчистивме од ДЕАШ“, нагласи Ердоган, истакнувајќи дека ДЕАШ ја изгубила скоро целата контрола во Сирија, и дека истата состојба постои во Ирак.
Турскиот претседател нагласи дека сега се поставува прашање што ќе биде со иднината на овие земји, и потсети дека во Чад се наоѓаат околу 600 илјади бегалци.
„Што ќе биде со состојбата на овие бегалци? Знаеме дека Судан доживеа сериозни проблеми. На крај Судан се подели на два дела, Јужен и Северен Судан. Моментално Тунис изгледа мирна, но сакаат и Тунус да го вмешаат. Ние сакаме Тунис да не го загуби единството, и ние сме подготвени за соработка од политички, воен, економски, трговски, културен аспект, затоа со себе ги носам бизнисмените. Нашата прва цел во оваа соработка е солидарноста. Ова солидарност треба да ја покажеме во сите овие региони“, додаде Ердоган.
Потсетувајќи дека во сите овие земји постои претставништво на ТИКА, и дека со оваа институција врши бројни активности во тие земји каде постои, Ердоган рече дека има бројни студенти кои од овие земји доаѓаат на студии во Турција.
Ерддоган истакна дека овие студенти претставуваат мост меѓу овие земји и Турција, и додаде дека ќе бидат во солидарност со овие земји во борбата против тероризмот.
news_share_descriptionsubscription_contact


