АНКАРА (АА) - Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција, во рамките на борбата против сепаратистичката терористичка организација ПКК, специјалните единици на жандармеријата, специјалните полициски сили, единиците на командоси на жандармеријата, со поддршка од турските вооружени сили од воздух и копно, последната недела изведоа 1.683 операции, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради давање помош и засолниште на припадниците на терористичките организации ПКК, ДЕАШ, ФЕТО/ПДЈ и на левоориентираните терористички организации, приведени се 771 лице.
Покрај овие 771 лице кои се приведени поради тероризам, во спроведените операции се приведени и 114 лица поради илегални миграции и 3.606 лица поради криумчарење на наркотички средства односно вкупно 4.491 лице.
Во операциите за внатрешна безбедност се неутрализирани вкупно 69 терористи, од кои 12 се предале, 17 се фатени, а 40 се мртви.
Во операциите спроведени во Битлис, Дијарбакир и Ван, уништени се 12 засолништа, скривалишта и пештери користени од страна на терористите и 8 рачно изработени експлозивни направи и мини.
Покрај тоа, безбедносните сили запленија 26 рачни бомби, 2 проектили, 24 парчиња автоматски пушки и тешко вооружување и 4.320 парчиња муниција.
- Операции против трговија со дрога -
Против продавачите и криумчарите на дрога се изведени 2.681 операција.
Во операциите, припадниците на безбедносните сили запленија 228 килограми марихуана, 209 килограми хероин, 3.06 килограми синтетички канабиноид (бонзаи), 0,65 килограми метамфетамин, 142.974 таблети екстази, 421 каптагон, 1.122 синтетичка дрога, 75.014 стебленца индиски коноп, 835.311 пакети криумчарени цигари и 98.504 литри гориво.
Во операциите против уличните продавачи се спроведени интензивни контроли и притоа се приведени 359 осомничени.
Во операциите се запленети 44,4 килограни марихуана, 6 килограми кокаин, 3,5 килограми синтетички канабиноид, 0,6 килограми метамфетамин, 11.387 таблети екстази, 417 каптагон, 479 парчиња синтетичка дрога, 380 стебленца индиски коноп, 23 парчиња револвери и пушки.
- Борба против компјутерскиот криминал -
Безбедносните сили спроведоа операции и против лицата кои прават пропаганда за сепаратистичките терористички организации ФЕТО, ПКК, ДЕАШ, лица кои ги фалат активностите на овие организации, лица кои ја истакнуваат својата поврзаност со овие организации, создавајќи омраза, нетрпеливост и непријателство меѓу народот, посочувајќи на разбивање на територијалниот интегритет на земјата и животната безбедност на народот. На социјалните мрежи се забележани 624 такви профили, и притоа се откриени 306 лица, против кои се преземени правни дејствија.
Во рамките на борбата против илегалните миграции, фатени се 4.191 лице, од кои 638 на море. Во овие операции, приведени се и 114 лица, за кои се тврди дека се организатори на нелегално преминување на границите.
news_share_descriptionsubscription_contact
