Ali Kemal Akan
23 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
ПРИШТИНА (AA) - Заменик премиерот на Република Турција Нуман Куртулмуш присуствуваше на отворањето на реставрираната Мурат бегова џамија и културниот центар во местото Јањево, општина Липљан, на Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Средствата за реставрација ги обезбеди Турската развојна агенција за меѓународна помош и соработка (ТИКА)
На отварањето покрај делегацијата од Турција присуствуваа и министерот на јавната администрација на Косово Махир Јагџилар, министерот за животна средина Ферид Агани, амбасадорката на Турција во Приштина Кивилџим Килич, претседателот на Одделот на ТИКА за Балканот и Источна Европа Махмут Чевик и Наим Тернава, реисот на Исламската заедница на Косово, како и многубројни државјани на Косово.
Куртулмуш во обраќањето рече дека Турција не само на Косово, туку и на Балканот ќе ги реновира објектите како што се џамиите, амамите и мостовите. Тој додаде дека односите помеѓу Косово и Турција по вековите ќе бидат поблиски и потрајни.
Заменик премиерот Куртулмуш рече дека градовите на Косово се важни како што се градовите Бурса, Едрине и Согут.
Тој потсети дека населението од различните вери и етничките групи неколку векови живееше во слога.
Куртулмуш говореше и за Балканските војни, Првата светска војна и инаку судирите на Балканот кои оставија свои траги.
Куртулмуш зборуваше и за ситуацијата во која муслиманите на Косово се наоѓаа во период на комунизмот.
Доаѓањето на Куртулмуш топло го поздравија многубројните граѓани на Јањево.