Selen Temizer
14 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
АСТАНА (АА) - Со билатерални состаноци во казахстанскиот главен град Астана, утрово започна деветтата рунда сириски мировни преговори, јавува Anadolu Agency (AA).
Први на преговарачката маса седнаа претставниците на делегациите на Русија и Иран, предводени од Александер Леврентиев, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, и заменик-шефот на иранската дипломатија, Хусеин Џабири Енсари.
Во преговорите ќе учествува и делегација на Република Турција, предводена од советникот на Министерството за надворешни работи, Седат Унал. Се очекува во попладневните часови да им се приклучат специјалниот пратеник на Обединетите наици за Сирија, Стефан де Мистура и делегација на Јордан во својство на набљудувач.
На преговорите во Астана не се одзва делегацијата на САД, а по денешните подготвителни средби, главниот состанок ќе се одржи утре, кога на преговарачката маса ќе седнат и делегации на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и вооружената сириска опозиција.
Анализата на состојбата во зоните за деескалација, ослободување заробеници, дотур на хуманитарна помош и активности на Комитетот за изработка на нов сириски Устав се главни теми на деветтата рунда преговори во Астана.
Преговарачкиот процес во Астана започна во јануари минатата година, со учество на земјите гаранти Турција, Русија и Иран.
Последната, осма рунда преговори, се одржа во декември минатата година.