Nazmi Abduramani
10 Февруари 2016•Ажурирај: 11 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Здружението ХОПС- Опции за здрав живот, денес одржа прес-конференција пред Собранието на Р.М се одржа прес - конференција по повод владиниот предлог за регулација на медицинската употреба на канабис, јавува Anadolu Agency (AA).
На крајот на минатата година Министерството за здравство најави легализација на марихуаната за медицинска употреба. Кратко потоа, со предлог Закон за измени и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции предложи регулирање на медицинската употреба на канабис.
Извршниот директор на здружението ХОПС, Христијан Јанкуловски рече дека "ваквиот начин на регулирање на ова прашање нема да придонесе за поголема достапност на канабисот и неговите деривати до оние на кои им е најмногу потребен, а тоа се луѓето со одредени медицински состојби."
"Здружението ХОПС Опции за здрав живот Скопје иако не беше повикано да се вклучи во јавните расправи и да даде свој придонес како експертска организација која 20 години работи на полето на политки на дроги, во јавноста укажа на недоследностите на кое предлагачите на овие законски измени останаа глуви. Поради тоа ХОПС изготви Анализа на предложените измени и дополнувања на закон за измени и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции", изјави Јанкуловски.
Ова здружение смета дека со предложените законски одредби се ограничува листата на болести односно состојби за кои би можело да се користи конопот во медицински цели,ограничувајќи ја можноста за препишување од само 4 специјалисти (неврологија, онкологија и радиотерапија и инфективни болести).
Исто така, ХОПС излезе со неколку заклучоци од повеќе аспекти, правни, финансиски, безбедносни и здравсвени, со кои има цел да укаже на подобра регулација на овој закон.
Поради наведените причини ХОПС бара овој предлог Закон за измени и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции да се повлече од собраниска процедура, иво најбрз можен рок да се изработи посебен закон со кој ќе се регулира медицинската употреба на канабис, каде правата на пациентите и достапноста до сите на кои им е потребен ќе биде главна цел на истиот.