Hajer M'tırı
15 Јули 2016•Ажурирај: 15 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Напаѓачот што уби најмалку 84 лица во Ница беше идентификуван од страна на локалните медиуми денес како 31-годишен маж, државјанин на Франција со потекло од Тунис, кој живеел во градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалниот весник „Ница-Мартин“ го идентификуваше напаѓачот како Мохамед Лауж Буле, Тунижанин кој работел како дистрибутер. Тој бил оженет, имал три деца и наводно бил во процес на разведување. Неговите лични документи се пронајдени во камионот што минал низ толпата луѓе за време на прославата на државниот празник Денот на Републиката, доцна синоќа, при што неговиот идентитет бил потврден преку отпечатоците. Француските медиуми велат дека неговите соседи го опишале како солидарна, мирна и нерелигиозна личност.
Се додава дека на истражните органи им е познат од претходно, но поради дела што не се поврзани со тероризмот.
Полицијата извршила претрес во неговиот стан и ги испрашала луѓето што го познавале. Во трагичниот напад за време на прославата на државниот празник на Франција – 14 Јули, доцна синоќа, убиени се најмалку 84 лица, меѓу кои има и деца, додека над 100 лица се повредени.
- „Франција очигледно претставува цел“
„Франција беше погодена на денот на нејзиниот државен празник – 14 Јули, денот на Бастилја, симболот на слободата. Бидејќи човековите права се отфрлени од страна на фанатиците, Франција очигледно е нивна цел”, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд по неговиот состанок.
Претседателот рече дека терористичката природа на нападот „не може да се негира“ и објави дека Франција е под закана на тероризмот. Напаѓачот возел 2 километри со белиот камион-ладилник низ толпата луѓе што го гледале огнометот од Англиското шеталиште (Promenade des Anglais) околу 23:00 часот по локално време. Сведоците велат дека возачот, кој бил неутрализиран, возел цик-цак во обид да удри колку што е можно повеќе луѓе и откако застанал, почнал да пука во луѓето по случаен избор.
Едно лице за телевизијата БФМТВ изјави дека забележал уште едно машко лице со пушка во камионот. Француските власти работат на утврдувањето на тоа дали напаѓачот имал соучесници. Весникот „Фигаро“ цитираше безбедносни извори дека „неколку оружја, пушки и гранати биле пронајдени внатре во камионот”.
Повеќе од 150 лица се повредени во нападот, вклучувајќи 54 деца, според објавата на локалниот весник „Ница-Матин“. Осумнаесет од ранетите се наоѓаат во критична состојба. Според извештаите, камионот што бил користен во нападот бил изнајмен пред два дена, во близина на Сен-Лорен-ду-Вар.
Помеѓу пронајдените работи во камионот, биле лична карта, мобилен телефон и банкарската картичка поврзана со Буле. Телевизијата БФМТВ изјави дека возачот бил во можност да пристапи до шеталиштето коешто било затворено за прославата, со тоа што ù кажал на полицијата дека доставува сладоледи.
Оланд, Валс и министерот за внатрешни работи, Бернард Казанев пристигнаа денес во Ница попладне, за да се сретнат со безбедносните официјални лица. Оланд претходно изјави дека владата ги повикала безбедносните резервисти да ја поддржат жандармеријата и полициските сили и да помогнат при контрола на границите.