Sefa Mutlu,Sümeyye Dalkılınç
26 Август 2016•Ажурирај: 26 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул денес започна церемонијата на отворање на Мостот „ Јавуз Султан Селим”, третиот мост на Босфор и најширокиот мост на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата на отворање на третиот мост кој ги спојува европскиот и азискиот континент, односно истанбулските квартови Саријер и Појразкој, ќе присуствуваат претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим, претседателот на Парламентот на Турција,Исмаил Кахраман, началникот на Генералштабот на Турција, Хулуси Акар, кралот Бахреин Хамед бин Иса ал-Халифе, претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, претседателот на Турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинчи, бугарскиот премиер Бојко Борисов, заменик премиерот на Србија, Расим Љајиќ, поранешниот претседател Абдулах Ѓул, поранешниот премиер и турски парламентарец Ахмет Давутоглу, турски министри, бројни други официјални лица од сите делови на светот, како и голем број на турски граѓани.
Инаку, се работи за еден од најшироките мостови на светот, а воедно и најдолг висечки мост кој ќе има железнички систем. Вкупната должина на мостот е 2,1 километар, широчина 59 метри, висина на носечки столбови 322 метри и распон 1,408 метри. Мостот ќе има осум сообраќајни траки и две шини.
Се очекува третиот мост на Босфорот да заштеди 1, 75 милијарди долари годишно во смисла на трошоци на енергија и заштеда на време. Она што исто така го прави специфичен е фактот дека железничкиот систем се наоѓа на исто ниво на главниот дел на мостот.
За изградба на мостот, кој и покрај предвидените 36 е завршен за 27 месеци, се инвестирани три милијарди долари. Владата предвиде дека мостот дневно ќе го користат 135.000 возила.
Мостот ќе ги спојува истанбулскиот кварт Саријер на европскиот дел и квратот Појразкој на азискиот дел на Истанбул.
Турција во последниот период оствари значајни инфраструктурни проекти, меѓу кои се секако и мостот Османгази, мега проект кој е дел од автопатот со должина 433 километри кој ќе ги поврзува Ѓезбе, Орхангази и Измир.
Мостот познат и како „ Голден Гејт” е четвртиот најголем висечки мост на светот. Еден од најзначните проекти е и изградбата на третиот истанбулски аеродром кој ќе чини 10,25 милијарди евра, а кој воедно ќе биде најголем на светот.