Nurhan Çorlu
03 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин, денес во Анкара изјави дека треба да се запомни молкот на оние во Европа и во Америка кои се гласни во критикувањето на Турција поради борбата против терористичката организација ПКК, но молчат за сите напади, атентати и масакри што терористите ги извршуваат, јавува Anadolu Agency (AA).
„Треба да го забележиме и да го запомниме молкот на оние во Европа и во Америка кои се гласни во критикувањето на Турција поради борбата против терористичката организација ПКК, но молчат за сите напади, атентати и масакри што терористите ги извршуваат. Тоа всушност ја покажува сета нивна дволичност кога е во прашање борбата против тероризмот“, изјави Калин.
Тој најави дека ќе продолжи одлучната борба против тероризмот.
„Нека зборуваат тие што им е волја, ние продолжуваме по својот пат, ја продолжуваме ефикасната борба против тероризмот. Ни на крај памет не ни е да застанеме на тој пат, патот на заштитата на единството и целовитоста на нашата земја“, изјави Калин.
Тој на прес-конференцијата во Анкара најави дека на 15. јули, на годишнината од обидот за државен удар што терористичката организација ФЕТО речиси пред една година се обиде да го изврши во Турција, ќе бидат обновени стражите за демократија, во чии рамки граѓаните ќе дежураат на улиците, како што беше случајот по 15 јули минатата година.
„На повик на претседателот на земјата, повторно ќе започне процесот на дежурство за демократијата. Претседателот лично, ноќта на 15. јули ќе учествува во собирот на граѓаните. Многу е важно да не се заборави 15. јули“, изјави Калин.