Кери: Во рок од шест месеци да се формира преодна влада, во рок од 18 месеци избори во Сирија
-Побарано е да се одржи и состанок помеѓу представниците на сириската опозиција и режимот на сирискиот претседател Башар Ал-Асад
15 Ноември 2015•Ажурирано: 16 Ноември 2015
Виена
ВИЕНА (AA) – Државниот секретар на САД Џон Кери, по одржување на состанокот за решавање на кризата во Сирија, одржан денеска, во Виена, изјави дека е дадена поддршка на на планот кој вклучува прекин на огнот во Сирија, а кој би бил под надзор на Обединетите нации, јавува Anadolu Agency (AA).
Кери, рече дека планот подразбира и формирање на преодна влада во Сирија во рок од шест месеци како и одржување на избори во рок од 18 месеци.
Според него, на состанокот е побарано да се одржи среба помеѓу претставниците на сириската опозиција и режимот на сирискиот претседател Башар Ал-Асад до крај на годинава.
На состанокот во Виена за решавање на сириската криза која трае од 2011 година, учествуваа представници од 19 земји, вклучувајќи ги САД, Русија, Иран и Саудиска Арабија, како и представници на Обединетите Нации (UN).
Кери: Во рок од шест месеци да се формира преодна влада, во рок од 18 месеци избори во Сирија