Ekipa
25 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
АНКАРА (АА) - „Господ ни дал една душа и таа нека ѝ биде посветена на татковината, државата, нацијата, изјави лидерот на Републиканската народна партија (ЏХП), Кемал Киличдароглу, на чиј конвој денес беше извршен терористички напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Киличдароглу се вклучи вo програма во живо на некои телевизиски канали, говорејќи за престрелката врз конвојот на ЏХП.
Киличдароглу истакна дека заедничка задача на секој е да му се спротистави на тероризмот, и додаде дека воопшто не очекувал оти ќе се соочи со ваква ситуација.
Тој изјави дека имал состанок во Шавшат и по состанокот тргнал на пат за градот Ардануч.
„За жал, во еден теснец, во долината, безбедносните сили ги сопреа возилата. Настана вооружен судир. Безбедносните сили со оружје излегоа од возилата за да ја контролираат ситуацијата на теренот. Беше отворен оган и со жалење можам да кажам дека бев сведок на настанот. По извесно време беше побарано оклопно возило. Со ова возило бевме префрлени на безбедна локација a откако беше речено дека и таму не сме безбедни, не префрлија на друга poбезбедна локација“, рече Киличдароглу.
Киличдароглу истакна дека не е добро на половина да ја прекине програмата затоа што „се случил терористички напад“. Зборувајќи дека ќе ја продолжи својата рутинска агенда, додаде:
„Не треба да се обесхрабриме пред тероризмот. Господ ни дал една душа и таа нека ѝ биде посветена на татковината, државата, нацијата. Таму се најдовме сред огнена престрелка, и добивме една тажна вест за еден загинат херој. Тоа навистина многу ме растажи. Оваа земја е убава земја, особено Шавшат е многу убаво место. На едно вакво место, во Турција посакувам никогаш да нема тероризам. Затоа е потребно сите заедно да се бориме против тероризмот, без правење разлики меѓу нас. Можеби имаме различни политички гледишта, но наша задача е заеднички да се бориме против тероризмот. Не можат да нè заплашат. Затоа јас продолжувам со мојата програма. Всушност, при вакви настани не може ни да стане збор за повлекување. Ќе ги надминеме настаните. Решени сме со заедничка борба Турција да ја исчистиме од тероризмот“.
Лидерот на турската опозициска Републиканска народна партија ,ЏХП, Киличдарогу, истакна дека телефонски разговарал со претседателот Реџеп Таип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим на што им се заблагодарил.
Киличдароглу не знае дали некое од возилата во конвојот било погодено во престрелката, но рече дека возилото во кое се наоѓал тој не било погодено.