Yeşim Sert Karaaslan
13 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот на Турција, Нуман Куртулмуш, денес во Анкара изјави дека неговата земја би можела да направи одредени чекори во насока на расчистување на сирискиот град Рака од елементите на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Доколку дојде до договор со меѓународната коалиција и доколку ситуацијата се развива на начин што ќе овозможи делување, Турција може да преземе чекори во насока на расчистување на Мунбич, а особено на Рака“, рече Куртулмуш.
Тој изјави дека Рака е центар на терористичката организација ДЕАШ и дека доколку во акцијата за ослободување биде решено местото на ДЕАШ да го зазеде ЈПГ/ПЈД, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, тоа претставува безбедносна закана од прв степен за Турција.
Турскиот вицепремиер најави и разговори со претставниците на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ, за Рака да биде ослободена од припадниците на терористичката организација ДЕАШ, но во тој процес на местото на ДЕАШ да не дојдат припадниците на ПЈД/ЈПД.
Турскиот вицепремиер Куртулмуш за време на паузата зборуваше и за планираните земјоделски и индустриски проекти во Турција.