Tuğrul Çam,Erkan Avci
29 Април 2016•Ажурирај: 30 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Министерот за одбрана на САД, Ештон Картер, одговарајќи на прашања во американскиот Сенат, призна дека постои поврзаност меѓу терористичката организација ПКК и нивните продолжени раце во Сирија, терористичките организации ЈПГ и ПЈД, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Сенатот на САД, на прашања на Комитетот за вооружена служба, мистерот Картер одговарше на повеќе последователни прашања на Сенаторот Линдсеј Грахам поврзани со состојбата во Сирија.
На прашањето на Грахам: „Дали сте слушнале за ПЈД и ЈПГ?", министерот Картер одговори: „Да", на прашањето од Сенаторот: „Кои се тие?", министерот одговори: „Тие се Курди".
На прашањето на Сенаторот: „Дали ЈПГ е крило на организацијата ПЈД?, министерот за одбрана одговори: „Да, точно."
Сенаторот Грахам запраша: „Извештаите покажуваат дека ПКК е поврзана со овие организации, или дека имаат значајни контакти. Дали е тоа точно?" Министерот отсеќно одговори со „Да".
Министерот Картер прекинувајќи го Сенаторот Грахам додаде: „ПКК, и во Турција, но и во очите на САД е терористичка организација. Дали според вас е зачудувачки фактот што Турција ни е лута поради вооружувањето од наша страна на ЈПГ во Сирија".
Картер бил запрашан колкава е бројната застапеност на Курдите и Арапите во Сириските демократски сили. Министерот Картер изјавил дека во моментов членуваат 6.000 арапи. На прашањето за процентуалната застапеност, тој одговорил со: „Приближно 20 проценти".
Во понатамошните разговори во Сенатот, Картер истакнал дека во борбата со ДАЕШ немаат соработка со државата, и затоа имаат потреба од локалните сили.
„Курдите не се вистински партнер во борбата за заземање на Рака. Го знаеме тоа. За земање на Рака и избор на вистински лица кои ќе управуваат со неа, потребно е да им дадеме поддршка на Сириските арапски сили", истакна Картер.